Авиокомпанијата „Флајдубаи" од понеделник започна да лета од Скопје до Дубаи двапати во неделата, во понеделник и во четврток. Cо воспоставувањето на оваа авионска линија, се отвора можноста Македонија да ја посетат туристи од Обединетите Арапски Емирати. Со додавањето и на Скопје, ние ги поврзуваме Обединетите Арапски Емирати со уште еден пазар што досега не беше доволно опслужуван. Ова ја илустрира нашата посветеност на регионот и во исто време, отвора можности за соработка со различни нации. Според директорот на ТАВ Холдинг Мурат Орнакол, овој проект ќе биде добар за сите три страни што се вклучени во него, односно за „Флајдубаи", Владата и за ТАВ Холдинг. Лансирањето директна линија на релација Скопје-Дубаи дефинитивно ќе има многу позитивен ефект пред се за бројната македонска дијаспора во Австралија. Времетраењето на летот и бројот на аеродромски конекции со овој лет драматично се намалува со што Македонците кои живеат во Австралија сега многу побрзо и полесно ќе можат да стигнат до Скопје.
Авиокомпанијата „Флајдубаи" од понеделник започна да лета од Скопје до Дубаи двапати во неделата, во понеделник и во четврток.
„Убедени сме дека македонската маршрута ќе биде успешна, рече на денешната прес-конференција во Скопје Гаит Алгаит, заменик-извршен директор на „Флајдубаи".
Тој додаде дека со воспоставувањето на оваа авионска линија, се отвора можноста Македонија да ја посетат туристи од Обединетите Арапски Емирати.
„Со додавањето и на Скопје, ние ги поврзуваме Обединетите Арапски Емирати со уште еден пазар што досега не беше доволно опслужуван. Ова ја илустрира нашата посветеност на регионот и во исто време, отвора можности за соработка со различни нации", рече Алгаит.
Според директорот на ТАВ Холдинг Мурат Орнакол, овој проект ќе биде добар за сите три страни што се вклучени во него, односно за „Флајдубаи", Владата и за ТАВ Холдинг.
„Лансирањето директна линија на релација Скопје-Дубаи дефинитивно ќе има многу позитивен ефект пред се за бројната македонска дијаспора во Австралија. Времетраењето на летот и бројот на аеродромски конекции со овој лет драматично се намалува со што Македонците кои живеат во Австралија сега многу побрзо и полесно ќе можат да стигнат до Скопје. Но со директен лет, не само граѓаните на Македонија, туку и жителите на соседните земји сега ќе можат преку скопскиот аеродром "Александар Велики" директно да летаат до Дубаи", истакна Мурат Орнекол, главниот оперативен директор на ТАВ Холдинг
За министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ова ќе значи зголемување на бројот на директни линии што ќе се воспостават и со други авиокомпании.
„Вклучувањето на Скопје како дестинација во понудата на компанијата 'Флајдубаи' е значајно од причина што на овој начин Скопје, освен со Дубаи, индиректно се поврзува и со повеќе од 50 дестинации ширум светот на кои оваа компанија оперира", рече Јанакиески.
Авиокомпанијата, освен во Македонија, опслужува 15 дестинации во Азербејџан, Ерменија, Грузија, Романија, Русија, Србија, Туркменистан и Украина.
„Флајдубаи" е основана во март 2008 година, како прв нискобуџетен авиопревозник од Дубаи и новоформиран авиопревозник со најбрз пораст во светот.